Accomodation
Живописниот комфор и забава на хотелот ќе ги воодушеват Вашите сетила и ќе Ве примамат да останете уште подолго. Опколен од најзначајните точки на интерес во Битола, хотелот е идеално лоциран на главната улица "Широк сокак", на 175 км од скопскиот аеродром, 180км од Солун и само 15км од грчката граница.
Без разлика дали Вашите планови вклучуваат состанок, конвенција или одмор, хотел Епинал ќе Ви понуди сместување во стил, како и професионална, ефикасна и соодветна услуга, притоа нудејќи разновидност на природни убавини кои ќе го направат Вашиот престој исплатлив.
Задоволството на клиентите е наш приоритет и сите наши гости можат да уживаат во високо професионална и љубезна услуга со топло гостољубие и насмевка. Секоја од 82-те пространи и удобни соби во хотелот "Епинал" е вкусно украсена со модерен мебел и целосно опремена, со цел да одговори на потребите на современиот патник - сопствена бања, клима уред, фен, радио, кабелска тевевизија и телефон со директен пристап.
Нашите функционални соби се идеални за важни состаноци и конференции, презентации, семинари и обуки. Ќе ни биде задоволство да Ви помогнеме со сите припреми,секретарска помош, толкувачи и преведувачи, набавка на аудио-визуелни помагала и опрема за симултан превод. Имаме можност за сместување на лица со посебни потреби во специјални, целосно опремени простории.